запрежен (прид.) - кола (имн.)

Додека се прашуваа како ќе го пренесат до гробиштата, во дворот влезе запрежна кола што ја влечеше еден коњ, а уздата на коњот ја држеше Тарзан, еден од школниците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со ваква убава запрежна кола, тоа веднаш го забележав, никогаш досега се немам возено и така весело влегов во колата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние не отстапувавме и сѐ повеќе се собираше народ, запрежни коли, говеда, кози, овци, запрежни коли и товарени магариња... – Назад! – викаа – Назад! Наредба е да бегате кон Пероо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
КОСОВО
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Понекогаш ѓупците со запрежни коли натоварени со картони ќе придонесеа за малку контраст низ Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога се селеше дивизијата, луѓето од селата со запрежни коли ги селеа борците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)