заспан (прид.) - дух (имн.)

На другиот ден, (на 318-т отци) одржав подолга реч храбрејќи ги малодушните, пробудувајќи ги заспаните духом, посветувајќи го народот во неговите црковни права, опишувајќи ја сликовито подмолната клевета врз основа на која патриархот Самоил ја укина архиепископијата Јустинијана I.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ги предупредиме сега сите оние заспани духови дека денес повеќе од кога било е јасно дека овде станува збор за намера општеството да се варваризира.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)