затворен (прид.) - тип (имн.)

Ресторанот беше од затворен тип.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дел од присутните на седницата се упатија кон ресторанот „Езерска куќа”, која беше од затворен тип.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Со градење на туристички комплекс од затворен тип за републичкото раководство и за припадниците на Министерството за внатрешни работи?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Летувалиштето до скоро беше од затворен тип, а сега отворено за сите граѓани, макар што во него тешко се наоѓаа слободни места без врски од некој посебен или стар вид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фоте, како генерал, имаше пристап во летувалиштето и кога беше од затворен тип; а Боге, преку врски, кога се отвори за граѓанството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кој како излегуваше од импровизираните гардероби (едната за мажи, другата за жени), така се собираа во една поголема соба, која дење им служела за читачки проби а ноќе се претворала во бифе од затворен тип; со еден расходуван шанк, едно тркалезно решо и една неполирана полица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)