затрупан (прид.) - со (предл.)

Следат реченици: За поспаниот ветер и заскитаната слобода во крошната затрупана со јаболка (од првиот до последниот грев)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Патот до нејзината порта е затрупан со лаги.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога станавме, што ќе видиме: лицата им се затрупани со лисја и плодови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вртиме по некои улички затрупани со подадени стари куќи, готови и тие да тргнат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)