зафатен (прид.) - со (предл.)

Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас не ја гледав целата работа, оти бев зафатен со трговијата во Цариград.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рацете се зафатени со пушките извиткани во вреќи и не можат да нѐ одбранат од него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Расипикуќата Шајчевска дури престана и ручек да прави затоа што беше премногу зафатена со правата на педерите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А понекогаш му се случуваше да ја пробие ноќта, па место дома да појде право на работа; тогаш се заклучуваше во кабинетот и преспиваше облечен на каучот за пациенти, а сестрите го бранеа од нив под изговор дека докторот моментно е зафатен со неодложна научна работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека беше зафатен со работа не мислеше на себеси, на тоа како ќе се чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но и токму тогаш и токму таа година од Прилеп, од Дејкови, стигна глас, им пишувал синот нивни, Никола Дејков, дека Боше Анѓелов Јанчески од Потковицата заедно со татко ѝ на чупалето што било оставено кај нив, кај Јанчевци, се најдува таму, во Бугарија, но дека ни едниот ни другиот не можат да дојдат до него, по чупалето, зашто се зафатени со револуционерна работа, па преку него, односно преку нив, преку Дејкови, им испраќаат поздрави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и двапати свика: „Еј, зарем не ви се чини дека горната страна е многу истранета“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, оваа помисла не ми наиде случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа премногу е зафатен со помислата да не се случи некоја незгода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Без да биде свесна дека сама си се лекува од состојбата во која се наоѓаше, таа ќе стануваше и постојано беше зафатена со непотребни секојдневни работи во куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Татко ѝ беше толку многу зафатен со работа, што таа скоро не го видуваше ниту еднаш неделно и тоа ако појдеше кај нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
До војната луѓето беа зафатени со мислата да направат што поубава, што полична куќа; одеа на печалба, во свет за неа; делеа од устата, робуваа довека за неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секој си е зафатен со раната своја, со болештината своја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој е зафатен со својата дома и домашни, секој сака да ти го раскаже животот. Од крај до крај да ти го раскаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко беше зафатен со шпилот нови карти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Токму тука, на ова место, додека е зафатена со себе и со внучињата а и со Костадина кому му е наменет полниот чипчак со чај, до Добра се прибира нејзиниот маж, ги крева неколкуте бовчи а нејзе ѝ дава ишарет да го проследува по дирата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дека зафатен со мерењето овие четворицата, помирливо, се собраа над него и го гледаа како полека и внимателно мери и одбележува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зафатена со својата работа жената му довикна: „Што се случило, Хернандо?“ „Ништо“, ѝ одговори тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тетка Боса која беше зафатена со замрсениот клучец на нејзиниот скутник наеднаш сфати што ѝ кажува гостинот, го повлече скутникот од половината како да фрла настрана дел од себеси, и за момент остана зината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оти при крај ручекот, а после зафатена со раскревање и миење садови, Пелагија не обрна внимание на Персините размислувања и слутења.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само празни ногавици, собрани нагоре и зафатени со игла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ни го подадоа цвеќето, а мене рацете ми се зафатени со друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силјан Лилјаков ништо не вели, оти е многу зафатен со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие постојано треба да бидат зафатени со занимања и вежби, а потоа со чистење на оружјето (какво оружје си вели во себе, кога го немаат) со колективен разговор, колективно читање, пеење и играње оро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беше зафатен со мисли како да се избегне оваа опасност што се испречи пред нивниот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Стево Андреевиќ нема време да ги разгледува и вашите случаи. Премногу е зафатен со својот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)