збиен (прид.) - миг (имн.)

Во Вендерсовиот филм, осаменикот, по долга потрага, ќе ја пронајде прекрасната блондинка, за неколку збиени мигови тишина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од бледата проѕирност на мракот, и самата облак, лизгајќи се низ просторот, ме пречекуваш, молкум, потоа поаѓам по тебе, неколку чекори до собата, неколку чекори до собата, неколку куси збиени мигови, сè поблизок. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)