здржан (прид.) - здив (имн.)

Ех, тие жени... папсани, со здржан здив, полека ги спуштаа носилките, се загледуваа во бледите лица на ранетите, ги молеа да издржат, им ги оросуваа образите, усните и челата со наводенетите црни шамии, ги држеа за раце небаре со тоа им ја олеснуваа болката.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Самиот факт што цели четириесет и пет дена жилаво, достоинствено и беспримерно храбро се држиме, со нашиот борбен дух и нескршливата волја, го натеравме светот, па и нашиот противник, со здржан здив да ни се восхитува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)