зимски (прид.) - палто (имн.)

Ни дојдоа како зимски палта. Се губевме во нив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На другиот ден Орде се разбуди и гледа дека Пискулиев ја преспал ноќта покриен само со своето зимско палто.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само тешко ми е. Телото ми тежи. Се чувствувам како да носам зимско палто среде лето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добрина: посака на едно девојченце што свиткано од студ поминуваше по улицата, излитеното џемперче да се претвори во убаво, топло зимско палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)