зимски (прид.) - услов (имн.)

Се упатија накај училиштето. Пред самиот влез автобусите 5 и 15 „возеа“ в место, да не изгаснат моторите во зимски услови, ама наоколу исфрлаа издувни гасови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како да се грижиме за животните и птиците во зимски услови, како да се постапува, а при тоа дадоа податоци дека на Водно биле уништени - од несоодветни непознати сторители - тотално биле уништени хранилиштата и солиштата за дивеч и куќички за птици - кримилници за птици, направени и поставени од малкуте вработени во Парк-шумата Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А беше вака. Неколку часови пред нападот, на военото советување рекол генералот дека борците и боркинките по многу долгиот марш во многу лоши зимски услови се сосема истоштени и дека добро би било прво да им се дади малку време да одморат, да добијат топла храна, да ги исушат водените униформи и малку да поспијат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Каде ли се најде кај нив таа сила во зимски услови, по студ и снег, виулица и лавини да работат по цели денови?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)