златен (прид.) - блесок (имн.)

СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Крвчето околу нејзиниот врат ја проследува репликата со праведен, златен блесок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)