златен (прид.) - клуч (имн.)

Качен на највисокото дрво, седнат скрснозе во највисокото гнездо, на челото со едра светулка, во миг ќе свикаше со занес и со горделивост: „Ова на челото е дијамантот од турбанот на дедо, а ова сум јас, златно клуче, златно клуче за сребрен катинар, јас сум пергамент, јас сум тркалезна буква, уште неодгатната“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пергаментниот запис во ковчежето со златен клуч и со сребрен катинар му го напишал и му го оставил во дамни времиња неговиот пра-пра-прадедо, махараџата Раџнапур од Мохенџо Даро*, најстариот и најпознатиот град во долината на реката Инд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одненадеж, се сети на џебот на старецот во кој се сомневаше дека крие дијамант или златен клуч од портата на некое скриено богаство, па поттикнат од таа мисла, се фати во битка да го скротува јастребот, веднаш смислувајќи начин и да се смири со него.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)