златест (прид.) - ѕвекот (имн.)

XXI. Бело наидува белата зимна ноќ. Наидува бело и заискрено, целата во некоја златеста ѕвекот, се рони од бледосиното небо, чиниш една единствена пајажинка, сребреста и залебдена, трепери со некоја своја чудна оморнина во првите бели ѕвездички, а после се плиска над белата земја како руса девојчинска роса, престорувајќи го во еден миг сиот свет во некој дворец од бајките, поплочувајќи го со злато и исковувајќи на него безброј бели сребрени филигрански плетеници, поштркувајќи го со илјадници одблесоци од бесценети камења, кои го маѓепсуваат погледот и во кои и волкот почнува да мечтае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)