значаен (прид.) - мера (имн.)

Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дури и повеќе, потпирањето врз кривичното гонење не ја намали во значајна мера побарувач­ката, ниту постигна значаен успех во смисла на човековата слобода, криминалот, општествените пореметувања и оптеретувањата со пари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред тоа, само уште пар (веројатно одвишни, но ете, ко некакво регистрирање на денешнава глупава опседнатост со политикантство) зборови за чудовиштето на празнината што ја голта нашата зомбиевска страст: Соголените алчност и примитивност на овдешната политика (видливи, се разбира, пред сè, во владеачкиот политички слој, но во значајна мера присутни и кај другите повлијателни политички групации), како да навестуваат нов бран на резигнација во ионака прилично апатичнава земја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од друга страна пак, најголемиот број проблеми кои што денес ги создава наркоманијата, не потекнуваат од уживањето, туку од забраната на уживањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)