значаен (прид.) - придонес (имн.)

Тоа беше нивен значаен придонес во мисијата на Татко и Камилски да се справат со османскотурските заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сметаше дека за ова ќе даде значаен придонес за пошироката смисла на балканската јаничарија како дел на светската мерценарија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во последниве петнаесетина години се јави цела плејада нови и млади македонски преведувачи и писатели кои даваат значаен придонес во подобрувањето на преводната литература на македонски.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од разговорот, од јазикот на аргументите, на заемките и вкусовите на јадењата, зависеше каков конечен курс ќе заземат Татко и Камилски, барем во корпусот на гастрономските османскотурски заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)