зол (прид.) - судбина (имн.)

Колку е животот неправеден, - ја оплакував својата зла судбина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зла судбина на глава ни лежи, бол и тага плетат свои мрежи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овие чудесни материи, како што покажува искуството, на необичен начин коегзистираат со уметноста и ја следат како зла судбина од нејзиното настанување до денес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)