иден (прид.) - година (имн.)

И така, ние си останавме, и таа и идните години, во градот крај реката, покрај Тврдината, сѐ додека цутеа липите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се слушаат гласови дека идната година, на пролет, голем бој ќе има на Грамос. Затоа врвца е патот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И Павле пак протера со него шест месеци. Практична работа. Само што сега палтото се истегна, свисна и уште повеќе избледи и потемни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А идната година, уште во почетокот на март, го даде на хемиско чистење. Палтото пак светна, стана како ново.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега веќе стана јасно дека постојат два вида луѓе кои се занимаваат со контракултура.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едни кои сакаат да бидат успешни и комерцијални и со своите работи да влезат во главните текови на културата, и оние кои сакаат да останат таму кадешто се - надвор од општеството.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Една вечер ми кажа дека тој е всушност од Сиетл, и сето време додека зборуваше како таму е убаво и како воздухот и реките се чисти се чувствуваше страшна носталгија за домот. чудно е, но се сеќавам дека таа вечер, додека зборувавме во Ондин, Друидсите ја свиреа „Wild thing” од Трогси - песната која Џими така фантастично ја отсвири идната година на Филмур Ист, во својот prince pirate look - зелена плишана кошула и мускетирски шешир со црвенкаст пердув.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше страшно симпатичен и навистина пријатен за разговор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој претставуваше пресвртница во историјата на театарот, како што тоа во филмот идната година го направи Полноќниот Каубој.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако доаѓа идната година татко ми, доаѓам и јас...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По враќањето од планината и градот и работата ни се помили, а идната година, само биди ни жив и здрав, пак ќе дојдеме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи приказната за војникот на бел коњ почна во последните денови на југословенското кралство, во 1941, и заврши веќе во почетокот на идната година. Траеше значи помалку од една година.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе години, се документирам во пишувањето и на романот Тврдина од пепел, за кој ќе ви пишувам во друга пригода и очекувам да го завршам идната година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сета драма во владеењето со судбината на палестинскиот народ, да му даде своја држава, во идните години ќе растргнува токму во опцијата да се создаде мултиетничка и мултиконфесионална и демократска Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат, и при нашите средби многу години подоцна, ќе рече дека уште на почетоците верувал и постојано велел дека иднината на обединета Палестина, ќе биде демократска, а не конфесионална, гарантирајќи сигурност за сите нејзини граѓани: Евреи, христијани и муслимани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така сенаторите се согласија да започне Третата пунска војна против Картагина, макар што идната година Катон беше отстранет од власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А до идната година и патот ќе биде асфалтиран. Пред некој ден булдозите го нагазија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби оваа или идната година од Корча до Поградец ќе се вози по широк, рамен и современ автопат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ќе дојдеме, сигурно ќе дојдеме идната година...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама новинарот уште вели: Градските татковци ветуваат дека идната година ќе постават украсни светилки да се врати убавината и сјајот во старата скопска чаршија.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да не заборавиме идната година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Искуствата да ги пренесувате на помладите. Идната година некој од вас ќе го замени Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)