иден (прид.) - месец (имн.)

Сите се чудат како воопшто го знаеш и сопственото презиме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во сите идни месеци и години, означени со болници, бели мантили и тишина, за Раде ништо значајно не се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Учителката ми вети дека можеби уште од идниот месец ќе те префрлат во оние специјални паралелки. Ќе учиш со ретардирани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)