иден (прид.) - средба (имн.)

Дискусија за лавиринтите, посебно за Балканот како лавиринт, зазеде посебно место и во идните средби помеѓу Татко и Климент Камилски, посебно откако првиот го нарече нашиот Полуостров најголем и најсложен лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски собра доволно аргументи од западни извори за идната средба со Татко, кога требаше конечно да се утврди како да постапат со операцијата чистење на нивните јазици од опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Рожденката ѝ нареди на идната средба да го викне кај нив дома и таа да зборува со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)