идеологија (прид.) - систем (имн.)

А "класиката", како соединувачка сила, како ordo, има загубено многу нешта од својата волшебност бидејќи во новово време таа за жал неретко се профанира станувајќи декоративен идеолошки систем за диктатурите од сите бои.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да му се понуди на еден идеолошки систем од комунистичка провиниенција кој за своја херојска историја го подразбира својот антифашистички ангажман - имиџ на симболот на “фашистичкото, то ест нацистичкото зло” завиткано во уметничка амбалажа беше суптилно испитување на можностите за слободно користење на извесни културни сегменти претходно цензурирани и забранувани, но и барометер кој покажа дека режимот за кој генерации и генерации југословени мислеа дека никогаш нема да замине од политичката сцена веќе беше на почетокот на својот крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но не само тоа; таа истовремено се користи и со разни методи за отфрлање, како ненаучно, на она знаење кое потекнува од друг идеолошки систем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Саркањац тргнува од фактот дека за модерната идеологија е неопходна нејзината поврзаност со науката, дека идеологијата како корпус на знаење всушност секогаш стреми да се легитимира како наука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)