извесен (прид.) - вид (имн.)

Во одделот 5. видовме дека противречноста е изведена од страна на фактот дека постои извесна операција (деконструкција) што, кога ќе се примени на тоталитет од извесен вид, продуцира еден нов ентитет од тој вид; кога ќе се примени на тоталитет од сите ентитети од тој вид таа значи мора да продуцира нешто што е И во И вон тој тоталитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Попрво, таа отвора голем број опции: сите оние што се предлагани за совладување на парадоксите на самореферентноста: металингвистичкиот став, јазовите помеѓу вистинитосните вредности, диалетеизмот, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, сличноста помеѓу двете ситуации е поблиска отколку кај некоја едноставна површинска аналогија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во суштина, тој стана инкарнација на дух од извесен вид” (Мишима, повторно) = центарот на кружницата на времето - можна појава на центарот на светот во неговите различни пројави: светското дрво, аџис мунд; околу која се врши ротацијата на времето = 112 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А во конкретниот случај на геј-мажите, геј-културата е она од што многумина од нас мора да се одречат за да остварат геј-гордост – односно барем извесен вид на геј-гордост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Американската машкост, а со тоа и американската геј-мажественост, налагаат жилава независност, здрава самодоверба, висока самопочит: накратко, негирање на потребата, на болката, „на огорченоста, самосожалувањето и на другите неутешни односи кон лишеноста“.254 Значи, разбирливо е што склоп од културни практики чија цел е справување со стварноста на страдањето, пркосење на немоќта и копање простор за слобода во еден општествен свет признат како непријателски и угнетувачки не само што нема да им биде привлечен на многу денешни подредени луѓе, туку ќе го претставува она што повеќето од нас – вклучително и жени, геј-мажи и други малцинства – мора да го отфрлат за да се издигнат до самочувство на достоинственост, гордост, независност, самопочит, моќност и задоволство и покрај сѐ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
(Мајка ѝ на Џоан Крафорд, инаку, навистина дома перела туѓи алишта некое време кога растела Џоан.) Многумина геј-мажи велат дека имале такви семејни романси кога биле момчиња: убедени биле дека се исклучителни суштества што не се во никакво сродство со билмеското, грубијанско, простачко друштво околу нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислеле дека се родени надвор од својот природен елемент, дека имале некое тајно царевно потекло – дека биле кнезчиња што по некоја зла судбина, од таинствени причини, онакви новородени биле дадени да ги одгледува семејство на селанчишта и дека само го чекале денот кога ќе им се обелодени вистинскиот идентитет, кога ќе се развражи вражбата и кога конечно ќе се ослободат, ќе се ослободат од здодевните секојдневија на обичниот живот меѓу нормален народ и кога конечно ќе се вратат на местото во општеството со богатите и славните што по правдина им припаѓа, во друштвото на убавиот и најпрефинет свет.259 Копнежот по живот во естетска милост и во естетска хармонија, во сетилен раскош и задоволство, поривот да се издигнеш во светот и да се дружиш со повисоките сталежи, стремежот да стекнеш, собереш и да трошиш – да се опкружиш со убавини, реткости и скапоцености или, во случајот на Пол, со „згодни работи, со придушена светлина и со свежо цвеќе“ – сето тоа почнало да ја симболизира суштината на извесен вид машки геј-субјективитет, и тоа уште од времето на Оскар Вајлд.260 Во својата неисцрпна студија на Вајлд и на машката геј-култура, Нил Бартлет му посветува цело поглавје, насловено „Сопствености“, на односот на геј-мажите кон нивните ствари.261
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Преведувањето, вака сфатено, не не става во допир со извесен вид на оригинално значење, туку со мноштво на јазици и значења.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Згора на тоа, формалистите вметнуваат извесен вид подлежечка структура на лингвистичкиот систем и извесен вид на поредок во еволуцијата на јазикот, додека Дерида претполага безгранична шаховска табла и рандом, случаен развој, без некаков крај.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)