извесен (прид.) - период (имн.)

Студирал, како и вие, во Цариград, но поминал извесен период и во Париз.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тие го пречекале, го задржале извесен период и, на крајот, го упатиле кон Цариград, кај неговиот вујко Фетхи-беј Окијар, во времето на судбинските битки за нова Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
45. K. Мисирков сосема правилно, пет години пред Ј.Сандански, и тоа со комплексна разработка на прашањето, го согледа значењето на зачувувањето на целоста на Турција за безбедниот национален развиток на македонскиот народ во извесен период.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Континуитетот на нашиот живот се одржува така, што е окружен со цврстата состојба на супстанцата на времето, кое траеше извесен период.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Покрај краткиот есеј со наслов „Некои забелешки за логичката форма”, кој се појавува во Дополнителните расправи на аристотеловското друштво во 1929 година, тоа било единственото филозофско дело кое Витгенштајн го објавил во текот на неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во уверување, кое го изнесува во предговорот на Трактатот, дека во суштина успеал да ги реши проблемите со кои тоа дело се занимава, Витгенштајн прекинува да работи на философијата извесен период, вработувајќи се како учител во основно училиште.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ми предложи да ме земе кај него во Сиетл, извесен период да бидеме заедно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Излегува на брегот да прездивне и таму, по извесен период на враќање „во нормала“, тој констатира (со радост, претпоставувам) дека конечно е сам!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нејзината црнокоса глава, подигната над површината за да може да ѝ ја види должината на вратот, веќе ја сече водата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Праксата на ова инстант богатење на директорите значително ја ослабнува фирмата и, после извесен период, почнуваат да се чувствуваат последиците од нивната алчност и неодговорност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Покрај ова, значително се влошува работната атмосфера и почнуваат да се кршат работничките права на тамошните вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Интересно, пред извесен период бев длабоко фасциниран само за зборот “иднина” како мисловна именка, а камоли за тоа како таа ќе изгледа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)