извршен (прид.) - постапка (имн.)

Судот е врзан за својата пресуда веднаш штом е објавена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, за волја на вистината, судот пресуди во негова полза – и покрај тоа што извршувањето на пресудата никогаш не се случи во реалноста, а секако дека треба да се земе предвид и фактот што, во тоа време, сѐ уште не постоеја извршители, како би се забрзала извршната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По окончувањето на спорот пред повисокиот суд, Зефиќ добива морална сатисфакција затоа што успева судски да го добие спорот, и се враќа на работа на место соодветно на нејзиното образование – виш соработник за управни работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спрема странките пресудата има дејство дури од денот кога им е доставена (чл. 323, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример, според чл. 36, ст.1, т.5 од ЗОП (2007), кај видовите привремени мерки за обезбедување на непарично побарување се вели дека може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување а, меѓу другото, особено: „плаќање на надоместок на плата на работникот за време на спор заради незаконитост на одлуката за престанување на работниот однос – ако е тоа неопходно за негова издршка и издршката на лицата кои, според законот, е должен да ги издржува“. 18.  За целта на ова истражување особено е интересен Разделот IV [Извршување заради остварување непарично побарување], посебно Глава XXIII [„Враќање работник на работа“] – којашто е мошне скудна, бидејќи содржи само два члена (чл. 226 – чл. 227, ЗИ). 30 реинтеграција (в. подолу).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А претходно постоеше „стар“ Закон за извршна постапка (1997), којшто двапати беше изменуван и дополнуван – во 2000 и во 2003 год.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
В. чл. 368 од ЗОО. 31 (чл. 227, ЗИ) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, кој­ што го регулираше надоместот на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ/05 целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП-ка (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, извршноста на пресудата значи дека веќе безуспешно истекол т.н. „париционен рок“ кој судот му го оставил на оној кој ја изгубил парницата за тој самиот, доброволно, да ја исполни досудената престација – по што, оној кој го добил спорот, е овластен да иницира присилна извршна постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притоа, предлогот за надомест можеше да се спои со предлогот за извршување или да биде поднесен дополнително – но, само до завршувањето на извршната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лошото искуство кое го има претрпено го одвраќа и од активирање во полето за заштита на работнички права, како и од самото учество во облици на протест и поддршка на работниците. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пресудата беше спроведена доброволно, без да има потреба да ја иницира понатамошна извршна постапка, на која беше решена. 77 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Приказната на Јаневски, донекаде, има неуспешен крај... Тој не ја доби оштетата што му следуваше и му беше досудена, ниту пак доби ново работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поглед на извршувањето на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во т.н. работни спорови, проблематиката е регулирана со Законот за извршување (2005), 1 којшто е изменет и дополнет во три наврати – двапати во 2006 и еднаш во 2008 година. 2 Претходно постоеше „стар“ Закон за извршна постапка (1997), 3 којшто двапати беше изменуван и дополнуван – во 2000 и во 2003 год.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)