изгубен (прид.) - битка (имн.)

Се прашувал вака ли минувал секогаш заводливецот на жени - поразен. Скоро лазејќи се повлекол од сенката под која лежел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По којзнае кој пат уште еден пораз но поразот не значи изгубена битка учен е народот поразен да биде но за инает не се откажува од игра
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Потоа дојдоа изгубените битки...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само уште една изгубена битка во името на животот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само уште една изгубена битка!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќелиите се скроени за виновници Без вина јас се изборив и со катанец ќе се оковам Да не го видите сиромавиот валкан образ Се изморив од изгубени битки Но го видов крајот на војната како приведение Лебди во зеницата која затупува ко замаглени очила Во диви сенки од без трага Виорот избриша сѐ Ако патот те одведе во непознатото, таму ќе се сретнеме Ти со срце поцврсто од камен, а јас сенка в копана во камен.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)