изгубен (прид.) - надеж (имн.)

Мачно ни беше патувањето по патиштата на плачот, на солзите и страдањето, по патиштата од кои немаше враќање, по патиштата на битисувањето и изгубената надеж...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се навраќаме кон тоа време заради потсетување дека постоевме на свое такви, какви што бевме – вкоренети во прадедовата и дедовата земја и во неа запечени со свои адети и вера, посветени на добрината и исполнети со верба, но измамени и со изгубени надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Старата мајка, сега скршена останата со двата сина - едниот со изгубена надеж да оди кон Цариград, а другиот да замине за Лондон, не можеше да ги спречи, како некогаш нивниот татко, да заминат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Боли изгубената надеж.... Зачмаен е, збогоросан, збобрен, сѐ му згорчи, сѐ му се зборави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Украдено виножито, украден сон не се враќа, изгубена надеж, украдено време, скршено срце, со солзи, со болка, со камати се плаќа.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Оти и нему му беше смачено поради изгубената надеж да си ги види домашните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)