изгубен (прид.) - рај (имн.)

Татко восхитено го слушаше Камилски, којшто не само што совршено владееше со материјата туку не ги изоставуваше и личните акценти, најверојатно понесен од будењето на шпанската меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа остана само како слика на еден изгубен рај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Враќањето од изгубениот рај на детството содржи една евидентна прустовска резонанца, само лесна варијација нѐ дели од Потрагата по изгубеното време: ако враќањето е опишано како невозможно, тогаш враќањето (од враќањето) нему му успева!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Крик кон изгубениот рај.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во легендата на сликата на Скопје, пишува предел на изгубениот рај на детството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од благиот занес, од мислите свртени кон изгубениот рај на детството, ме прекина благиот глас на секретарката: - Се јавија од кабинетот на Јасер Арафат. Ќе ве прими утре...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овие предели на изгубениот рај на детството, моето семејство најде спасоносен пристан во својата неизвесна балканска одисеја, по победата на подводниот змеј при минувањето на границата во Езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кристин Жордис, француска писателка France - Culture Кога во една париска изложба нараторот ќе се најде пред една слика на Шагал, во меморијата ќе му се врати изгубениот рај од детството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За Татко, кој бараше излез од егзилот со враќањето во родната земја, сега ова враќање на јагулите низ новата генерација, посебно го привлекуваше како остварена парадигма во природниот универзум, чија смисла како да беше загубена за човекот, небаре изгубен рај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)