изгубен (прид.) - во (предл.)

Десетина години подоцна, во истата улица со астрономите коишто работат со Хабловиот телескоп, јас ги пишувам овие зборови: ерго, не сме и понатаму изгубени во мароканската Дипломатска шума, нашите невернички коски не се белеат на африканскиот песок додека нашето изнајмено рено рѓосува таму, меѓу боровите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Според упатствата на чуварот на плажата облечен во џелаба, го паркирав (и заклучав) нашето правоаголно комби меѓу боровите и, faute de mieux (или можеби поради претераната доза на арабијана: камили на плажата, расфрлани колиби налик на номадски шатори, некои од постарите жени не само во кафтани, туку и со црни велови), ги ставив клучевите во џепот од гаќите за бањање, од каде што, во текот на нашето играње во брановите, му се придружија на огромниот инвентар на ствари изгубени во морето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Очите му се изгубени во смаленото, стопено лице; се гледаат само свиснатите веѓи, мустаќи, неприбрани бели коси.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Воздржувајќи ги солзите, Горда посака да се зафати со нешто и да ѝ помогне на жената околу кујната, но жената сметаше дека тоа е понижувачки за неа (за неа или за Горда?), па Горда остана да седи крснозе, да пуши цигара по цигара и да гледа изгубено во детето, што играјќи си на подот заспа меѓу играчките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
5. По работ на воденичкиот камен шетаат бели ветрови По работ на тешката погача на земјата и летото Бараш пат во самотија ги збираш задоцнетите огнови го допираш лицето до земјата или до нејзиниот студен профил Има моменти кога ние сме помалку она што бевме а повеќе она што можевме да бидеме Изгубени во привиди само му го враќаме на пределот знакот на тихото гинење По работ на воденичкиот камен шетаат бели ветрови…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Изгубени во времето. Согорени во времето. Времето носи. Што носи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повторно чекам, како двајца измамници, изгубени во огромната соба, криејќи ги погледите, гушејќи се од сувата болка во градите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Изгубена во бесспокојот, барам зачински тревки под товарот на моето тело...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Изгубен во итаницата на престиж... со факел, под тивкиот шатор на романтична идила...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во спротивно ќе бидеш за навек изгубена во темнинава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ми се враќа некогашната треска, тешко ми е, најтешко од сѐ да раскажувам за овој настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жедните волци се уште душкаа по него барајќи нешто изгубено во минатиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вознес Вратовите беа испечени Вените исечени Мозоците апстинираа Нозете маршираа; Дојките народни омекнаа, надвиснаа и пресушија, а Млекото отровно се разлеа и крвјоса.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби во такви часови Аритон Јаковлески веруваше дека ќе наплати за сѐ изгубено во животот. Кутриот човек!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Треба да се надополни изгубеното во иницијалната струка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас сум универзитетски професор, мојот работен однос мирува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На пример, процесот на учење: додека учиме да возиме автомобил или комбе, се чувствуваме потполно изгубени во нив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вујната Клементина ќе излезе речиси преобратена, но и убедена дека го пронашла вистинското училиште за својата внука, која си ја сметаше за свое чедо, небаре изгубено во балканското стадо, сакајќи да го врати еднаш засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со друг код на сеќавање беше неизвесно дали ќе стигнеа јагулите во Езерото, изгубени во балканскиот лавиринт.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
” За време на возењето по Butte Monmartre покрај Sacre Coeur замолкнавме, изгубени во нашето блаженство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И длабоката изгубеност во која Толстој ќе се најде траеше долго време, дури и кога беше женет и татко на семејството за што тој раскажува неколку страници подолу: Јас морав да ги кријам врвците за да не се обесам кога минував помеѓу креденците во мојата соба каде што ќе се најдев секоја вечер соблекувајќи се, и престанував да одам на лов со мојата рушка за да не се обидам на најлесен начин да се ослободам од овој живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но при секоја од овие загуби неговата душа излегуваше победничка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тоа го открив многу подоцна, а во тој момент сè уште имав прилично надеж и храброста не ме беше сосем напуштила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не бевме блиску и ние навистина бевме две девојчиња, сами и изгубени во големата и страшна шума.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)