изгубен (прид.) - овде (прил.)

А и ако на некој друг свет се оствари правдата за она што било изгубено овде, ако таму на онеправданите им биде вратено она што овде го изгубиле, тоа не е враќање на исполнувањето на животот, тоа е само утеха: она што во еден миг е изгубено, никогаш повторно не може да се надополни, затоа што изгубеното било потребно токму во мигот кога исчезнало.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така што дури и да продолжи постоењето во некој друг свет, по смртта во овој, тоа постоењето во тој друг свет ќе биде само утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)