изгубен (прид.) - и (сврз.)

Беа изгубени и едвај се изнаоѓаа себе си.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Изгубен и жеден, се наведна над проѕирниот поток и ги подаде усните кон водата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во него живеете додека живеете потем воскреснувате: сите мориња се ваши ваше е бегството, очајната надеж дека секогаш има поубав свет - оној што го немате, изгубениот и времето дури е ваше кругот е перфидно совршен освен ако не се најде човек да ви постави ѕверска спрепка!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислев на влажната жичка, на песокта што ќе се јави, на навестувањето на изворчињата долу, на шепотот на војцата потоа, на големото откритие, на изгубеното и заборавеното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа сега го гледаше како навистина изгубен и нетокму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)