измачен (прид.) - тело (имн.)

Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Неговиот живот ме потсетуваше на еден неколкувековен чинар, кој живееше и умираше во делови, но секогаш беше тука, со векови без да се предаде на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во големата душа на владетелот, која го одржуваше физички измаченото тело, постоеја живи и мртви делови, како во самото стебло на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)