измислен (прид.) - или (сврз.)

Во случајот на Monty Cantsin или Dr. Ackerman, меѓутоа, се работи за едновремено разложување на личностите, за една чиста мултишизофренија, бидејќи тие се личности од нашето време, само што истовремено се идентификуваат со повеќе измислени или стварни ликови и на тој начин поинтензивно и позасилено го проживуваат околу нив поминувачкиот живот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Всушност забележувам дека е наведнат над некој лист и веројатно пребира по текстот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги повторувам во себеси слушнатите звучни сигнали моделирани во прашање и патем заклучувам дека иследникот е голем итрец а згора на тоа умешен подметнувач на измислени или дотерани сеќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)