изразен (прид.) - со (предл.)

По породувањето, нејзината шизофренија беше изразена со бурни напади на бес.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од нив, само еден грчки знак - stygma - во коптскиот ја задржува својата бројна вредност 6 без фонетското значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исто така, во коптскиот јазик останале звуци, кои не пронашле свои фонетски еквиваленти во грчкиот јазик и кои во системот на коптското писмо требало да бидат изразени со посебни графички симболи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Првата и основна етапа на овој процес, јасно е, прет­ставува расчленувањето на фонетската страна на јазикот во одделни фонетски единици, кои би требало да бидат изразени со особени графички симболи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Компаративното изучување на разните стари алфабетски системи на писмо ја реконструира типологијата на настанокот на писмото и дава општа слика на процесот на создавањето на алфабетскиот систем на писмо врз основа на систем на писмо- прототип, што е земен за пример и што служи како модел за новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)