индивидуален (прид.) - иницијатива (имн.)

Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Кон сѐ насоченета” индивидуа е темелниот тип на XIX век и на првите декади од XX век; индивидуумот на „протестантската етика” има начела, какви што се индивидуалната одговорност и индивидуалната иницијатива: „Помогни си самиот и Бог ќе ти помогне!“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)