индивидуален (прид.) - тело (имн.)

Човековото индивидуално тело за него е составено од многу делови коишто имаат своја индивидуалност, што дозволува плуралитет на неговите идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека Декарт она когито го здоби со отуѓување на телото (перцепцијата, емоциите) од својата суштина, Спиноза тврди спротивно, дека свеста е свест на телото и дека индивидуалната свест и „индивидуалното“ тело се едно нешто, само различно разбрано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)