инспекциски (прид.) - орган (имн.)

Евиденцијата на невработеното лице престанува да се води ако лицето: – се одјави; – заснова работен однос; – основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице; – врши занаетчиска, односно професионална дејност; – потполно ја загуби работната способност; – исполни услови за пензија; – отпочне да издржува казна затвор подолга од шест месеци; – не се пријави во утврдениот рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправ- дани причини; – не ја извести Агенцијата за промените што влијаат на стекнувањето и губењето на правата; – на странец му престане одобрението за постојан престој; – отпочне да врши земјоделска, сточарска или друга дејност; – од страна на инспекциски орган се затекне да работи спротивно на законот; – замине на отслужување или дослужување на воениот рок; – одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; – работно се ангажира на јавни работи над 30 дена, за времето на ангажирање во јавните работи; и – работно е ангажирано или врши дејност (чл. 59, ст.1 од ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој оддел ќе ја спомнеме и одредбата од измената и дополнувањето од декември 2008 година со која работникот кој ќе стапи на работа без договор за вработување се обврзува веднаш писмено да го извести надлежниот инспекциски орган во врска со ова (чл. 2, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Шесто, во 2004 година, како основа за престанок на правото на паричен надоместок, покрај затекнувањето на работа од страна на инспекциски орган (чл. 77, ЗВОСН), беше додадено и работното ангажирање на невработеното лице како и вршењето дејност од негова страна (чл. 15, ЗИДЗВОСН/04), а со промените од следната година беше дополнето дека при таков случај ќе биде запрена и исплатата на паричен надоместок (чл. 6, ЗИДЗВОСН/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, до покрупни промени во оваа сфера дојде дури со носењето на новиот ЗРО (2005) – а со неговите подоцнежни измени единствено, мали интервенции и тоа главно од технички и терминолошки карактер, беа направени со првата (чл. 20-22, ЗИДЗРО/авг.08), со четвртата (чл. 21, ЗИДЗРО/окт.09) и со седмата новела (чл. 20, ЗИДЗРО/септ.10). а) Па така, од оваа заштитна работничка сфера, беа избришани неколку експлицитни одредби: – меѓу нив беше и онаа која предвидуваше дека, во остварувањето на поединечните права од работниот однос, работникот има право да бара заштита кај работодавецот, пред надлежниот суд, синдикатот, инспекциските органи и други органи –  во согласност со закон (чл. 143, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како невработено лице не се смета лице: – во работен однос; – корисник на пензија; – врши- тел на занаетчиска, односно професионална дејност; – сопственик или основач на трговско друштво, претпријатие и друго правно 70 лице; – вршител на земјоделска, сточарска или друга дејност; – кое не прифаќа обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати Агенцијата или одбие да се јави или одбие да заснова работен однос кај работодавецот кај кого го упатила АВРМ; – кое работно е ангажирано или врши дејност, спротивно на закон (чл. 54, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)