интегрален (прид.) - дел (имн.)

а) Задржување на сопствени македонски борбени единици во рамките на ЕАМ. б) Задржување на сопствена политичка организација како интегрален дел од грчкиот национално ослободителен фронт. в) Целосно право на самоопределување вклучувајќи го и правото да се отцепи или приклучи кон која било држава по нивен сопствен избор.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дури и Мустафа Кемал, таткото на нова Турција, со тоталните реформи не ќе успее да раскине целосно со исламското наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што би можеле да го сметаме како техничка некомпетенција, првиот теоретичар на американската авангарда, Јонас Мекас, го прогласува за интегрален дел од нив­ната естетика: „... дури и грешките како што се неострите кадри, камерата која се мрда, несигурните чекори и движења, преекспонираните и неекспонираните секвенци - сето тоа станува дел од новиот филмски речник, неразделна компонента на психолошката и визуелната реалност на модерниот човек”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако кај Вертов и Годар е забележливо присуството на авторот, тогаш кај Ворхол е забележливо присуството на машината (камерата) и отсуството на авторот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхоловите јунаци, во конвенционална смисла социјално и сексуално девијантни отпадници, дури и впечатливи од пуританско гледиште, се прикажани среде сопствениот свет и среде сопствениот контекст, каде нивната девијантност изгледа сосема обична, прифатена, вообичаена, природна и лишена од каква било афектација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи самиот автор е интегрален дел од тој свет, тој не се однесува сензационалистички кон нив, туку ги при­фаќа такви какви што се, и тоа сугестивно го пренесува и врз гледачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас од моето искуство знам дека, “работата на терен” е интегрален дел на секој ваков проект.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со артикулирањето и извршувањето на оваа алтернативна и преферирана верзија на она што таа е, Еми почна да презема различни чекори во ангажирањето на другите во својот проект на промена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Правени се некои чудни анализи кои зборуваат повеќе за самите нивни автори отколку за Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А и самиот уметник допринесол во конфузијата околу неговите дела, изјавувајќи дека интерпретацијата на секое негово дело треба да се смета за интегрален дел од самото дело.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како потсетување, во точка 2 стои: ”Областа северно од грчката линија, како и поранешната отоманска Корчанска каза, со западниот и јужниот брег на Охридското Езеро, што се протега од селото Лин до Свети Наум - чини интегрален дел со Албанија...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Има случаи каде само овие две нивоа експлицитно се нацртани, но самото нивно присуство го повикува гледачот да се смета самиот себе за интегрален дел на некое трето, различно ниво.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во исфрлениот вовед кој претставуваше интегрален дел на соопштението, (се чини дека авторот во последен момент заклучил оти таквиот приод кон темата го нарушува научниот пристап), професорот Седларски објаснува дека мотивот за јавно промовирање на материјата што му ја нуди на ценетиот собир бил многу животен, што значи бил поттикнат од конкретни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Присуствување на годишниот WELL пикник стана интегрален дел од животот на Интернет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)