интересен (прид.) - прашање (имн.)

Каде сакам да патувам. Што ќе станам кога ќе пораснам голем - сè одговорив по правдина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Напишав за кој тим навивам. Кој пејач и која пејачка сакам. По која артистка лудувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Скопје, 1 септември 2000 Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Проста е, но едновремено и сложена приказната за моите Козички, на кои вие повторно се навраќате во вашето последно писмо и ми поставувате интересни прашања, на кои ретко сум помислувал пред и по пишувањето на романот Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А потоа се редеа оние интересни прашања од личниот живот, да речам - од интимниот живот. Ама и тука добро се снајдов.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што е она што го прават уметниците, а што ги прави различни од научниците? Интересно прашање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)