интересен (прид.) - за (предл.)

Таа борба со бикот беше интересна за децата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Но исто толку интересен за анализа би бил и следниов случај - додаде Лора: - Семејство во кое мажот служи за материјално снаб- дување на фамилијата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)