исклучителен (прид.) - личност (имн.)

Како што можевте да утврдите и самата во репортажата во списанието Телерама, се работи за исклучителна личност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Појавата на оваа прозна книга е овозможена со љубезната поддршка од повеќе исклучителни личности.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На крајот од разговорите со амбасадорите, претседателот Ширак ми рече: Дали забележавте, амбасадорот кој најмногу страдал во мисијата, не се пожали со ниту еден збор за условите на работа, за разлика од други. Исклучителна личност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)