исплашен (прид.) - глас (имн.)

„Што е ФХА?“ наивно праша девојката, со исплашен глас, како да имаше нешто што нејзините не ѝ го кажале.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Маж ми, децата, понекогаш се сосема на другиот брег, а јас одвоена, заслушана во себе, од каде ме довикуваат исплашени гласови, што шушкаат како болен ехо, не давашшш љубов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Киро – до неговите уши допре тивок и исплашен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Онисифоре, слушнал исплашен глас. - Болен си.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога размислувал, пребрзо остарувал: господи, лежи сега под две топли јамболии жена му Фросина и го мисли или го сонува, децата спијат стиснати еднододруго, тлее жар во огништето, трча околу куќата црноглав пес - тој овде е мртов и судија на мртовец со зла крв во жилата на челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се сеќавам дали тоа беа исплашени гласови, дали восхитени, дали без молитви, дали песни, дали ноќни шепотења, дали восклици, дали лелекања.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Крсто, кир даскале... - велев јас со растреперен и исплашен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Исмет ја избриша потта од чело и по подолго молчење, го врза разговорот: - Тукуречи една година потоа, во утринските часови на 9 август 49 година ме разбуди дежурниот и со исплашен глас ми рапортира дека во наша насока летаат грчки воени авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)