исполнет (прид.) - или (сврз.)

Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби некои од вас го прифаќаат ова гледиште и јас можам само да се надевам дека вашите очекувања се исполнети или ќе се исполнат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова може да се сфати како разговорот да е објаснување на терапијата, исто толку колку што парадоксот понекогаш бил гледан како објаснување на терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)