испукан (прид.) - земја (имн.)

Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во омарнината, без штит на благотворна сенка, Кукулино, лежеше на жедна, мртва, испукана земја како омрлушен пес, збивтав, отфрлен, заборавен, старо животно скоро без пулсација под измитарената кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука, драги Џим, јас ја сфатив смислата на напорот и болката на постоењето; тука ги видов корените длабоко вжилени во карпите и во испуканата земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа што и Билјана додека го белела платното, а Ајше со пирајка ги млатела чергите на река (биле доволно стари и мажени за Климе и Реџеп) со белото месо на натколеницата која била намокрена, на случајниот минувач му била копнеж со години... и сликата на испуканата земја покрај босите нозе никогаш не му исчезнала од главата, а со неа и прашањето: „Кој бил најжеден - земјата исушена, жената распукана како лубеница со раскрачени бутови, или... тој?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)