ист (прид.) - онаа (зам.)

И поп Трајко си ја рече старата песничка: истата онаа што му ја пееше на Илка пред десетина-петнаесет години кога го вртеше околу ова бурилце со Стојанка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пенливата трага што бродот ја оставаше зад себе,едноличната бучава на моторот помешана со многујазичниот метеж на разголените туристи и брзозборните дофрлувања на неколку мештанки облечени во темни носии, не поттикнуваше на жив, мрешкав дијалог, сѐ додека пред нас не се откри Л. вовлечен во островскиот залив,речиси од истата онаа панорама која ја прижелкуваме од нашите детски спомени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И тој се изненади: - Јас мислев питачи идат, а тоа наши луѓе дошле, - рече тетин Доне врзан со пороже околу појасот преку ќурдијата, и со истата онаа донесена паларија што ја имал од времето, со мустаци чии влакна секогаш стоеја наежено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чувствувајќи го мирисот на исконот, оној ист мирис на малото човече на своите гради, ја почувствува истата онаа топлина кога "лотосот" лакомо ја голташе течноста на животот од нејзините гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега му се чинеше како цел свој живот да трчал по навредите и понижувањата со истата онаа своја лесно запалива нестрпливост и натчовечка сила со која постојано ги отфрлаше пофалбите и восхитот на некои луѓе кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот пристапи, ја осветли книгата и ние видовме верно, како и во ливчињата на отец Мида што стоеше сведоштво: писмото на записот сосем непознато беше, а записот имаше форма на клопче; само во средината на клопчето една буква се одделуваше од другите, по форма и боја: тоа беше буквата Ж, истата онаа поради која добив шлаканица во семинаријата, од Писмородецот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Курирот ни своето име не им го открил на убијците а камоли да открива туѓи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истата онаа заседа на која требало да наиде нашата бригада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури утредента, братучедот на татко ми, Илјо, објави дека му се вратила свршеницата, истата онаа Дафе која со години му пишуваше од Ташкент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)