ист (прид.) - болест (имн.)

Хранет од иста храна, рануван од исто оружје, од исти болести легнат, со исти лекови излекуван, стоплен и измрзнат од исто лето и зима како и Христијаните!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
— Не одете таму, вели Хубер, социјализмот е секаде иста болест.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи и Европа и Балканот страдаат од иста болест, но само симптомите се од различен вид!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пишувајќи ја мојата балканска сага за едно семејство кое го бара излезот од балканскиот лавиринт на вкрстените жртвувања, доживувајќи ја балканската трагика, решив да напишам роман-метафора за балканскиот трагизам под наслов Балкански жртвен јарец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од некни премногу се измени. Го потфатила истата болест на полјакот: по цела ноќ вооружен се врти околу куќата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Па каква е тогаш таа стомашна болест ако не е гладот, или можеби нешто слично?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дедо ти од Новодеревјановское умрел од стомав; братот на дед Павел умрел од истата болест, и уште незнам за колку други јавуваа дека умреле на сличен начин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стрина ми секоја година раѓаше дечиња и сите ѝ умираа од иста болест.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дали подоцна го фатила болеста, или не е со истата болест?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)