ист (прид.) - вид (имн.)

Сега веќе знаете, станува збор за Марлборо и за славната “Marlboro Country” имиџ кампањата која трае еве веќе 40 години!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Принципиелно, имиџот се користи секогаш кога производот од ист вид го има многу на пазарот и кога меѓу нив е невозможно да се направи некоја конкретна и битна разлика. 3.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Барнет тоа успеал да го направи во спотот за келлог*с сувото грозје; на продавачот ненадено му пристига нова, мамутска нарачка што треба да се подготви за неверојатно кусо време.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во една тужба тужителот може да истакне повеќе барања против истиот тужен кога сите барања се поврзани со ист фактички и правен основ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако барањата не се поврзани со ист фактички и правен основ, тие можат да се истакнат во една тужба против ист тужен само кога истиот суд стварно е надлежен за секое од овие барања и кога за сите барања е определен ист вид постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, повеќе лица можат со една тужба да тужат, односно да бидат тужени [т.н. „сопарничари“], ако: 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужителот може две или повеќе тужбени барања во меѓусебна врска да ги истакне во една тужба и така судот да го усвои следното од тие барања, ако најде дека она што пред него е истакнато не е основано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањата можат да се истакнат во една тужба само ако судот стварно е надлежен за секое од истакнатите барања и ако за сите барања е определен ист вид на постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Во процесното право постои и институтот множина на субјекти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исходот е традиционалното преовладување на доброто над злото, на волното над неволното, на машкото над женското, на говорот над пишувањето, на присуството над отсуството, на проблемот над решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите парови од спротивности се поврзани на овој начин и разликите помеѓу членовите од парот, како што се “предвидливо/непредвидливо”или “волно/неволно” се точно истиот вид на разлики кои терапевтите и клиентите може да ги употребат за да направат разлика. ***
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со други зборови, државата зафатена со занесот на Volksgeist-от веќе ништо не ја спречува; никаква етичка норма веќе не постои на нејзиниот пат: лишени од сопственото постоење, блокирани во својата совест, нејзините поданици не можат да побараат никакво право, а бидејќи нејзините непријатели не му припаѓаат на истиот вид, нема причини врз нив да се применат човечки правила.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Австроунгарската влада, сфаќајќи ја мошне сериозно диверзијата извршена кај Ангиста, му дала инструкции на својот пратеник во Софија грофот Форгач да ја предупреди бугарската влада дека таа ќе биде сметана за одговорна за било каква натамошна штета од ист вид нанесена врз имотот на било која австриска компанија во Македонија95.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да претпоставиме сега, дека критериумот за тоа дали две пајажини се изоморфни е тие да бидат исплетени од пајаци од ист вид.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како да се одреди дали две пајажини се исплетени од пајаци од ист вид.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во таков случај, ангажираните невработени лица земаат надоместок за извршената работа, кој не може да биде помал од утврдениот износ на платата за ист вид на работи според колективен договор (чл. 16, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Секоја 40 okno.mk посебна птица мора да биде изложена на актуелната полна мелодија изведена од други птици што припаѓаат на истиот вид, за да ја развие сопствената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)