ист (прид.) - занес (имн.)

Другарот Чапаев продолжи со истиот занес: - Ние не ќе можеме уште долго да живееме со победничката еуфорија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со истиот занес, каков што го имаше кога ги преведуваше сиџилите, се внесе и во преведувањето на некогашните записи за лековитите билки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко продолжи да чита со истиот занес, да патува од век во век.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Обајцата беа во поодминати години, а со истиот занес од младоста. Тешко се приспособуваа на заедничката работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, свесен дека за прв пат, откако ги откри старите кадиски записи, пред себе го има најдостојниот собеседник на Балканот, продолжи со истиот занес: - Би можело да се напише една од најверните истории на човештвото, врз основа на религиите и на конверзиите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со истиот занес како кога ги преведуваше сиџилите, сега на Камилски директно од старотурски му ги диктираше на неговиот македонски јазик написите за лековитите билки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обајцата беа во поодминати години, но го имаа истиот занес од младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ане ги погледна, во еден миг престана да липа, а потоа го тргна погледот и продолжи со истиот занес како и претходно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко со истиот занес продолжи, не кажувајќи која е неговата конечна цел, каква порака сака да ѝ упати на Мајка, а да не ја каже со директни зборови: – Земјата во која растат и се вкоренуваат нашите деца не е нивна татковина, а земјата која ја напуштивме, не е нивна држава.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лицата на младите Кинези светат со истиот занес како лицата на младите фотографирани во Берлин или Прага, или - дваесет години порано - во Вудсток.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВО КИБЕРНЕТИЧКАТА КУЛТУРА, ДЕМОКРАТИЈАТА СТАНУВА ВРВЕН АВТОРИТАРИЗАМ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)