ист (прид.) - човек (имн.)

Дали, како во случајот на Босна, на Хрватска, на Србија, ќе имаме секојдневно одгласи за разурнувања, пожари, масакри?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се загледуваше и во фреската на ангелот и ѓаволот, размислувајќи за легендата сврзана со нив: дека и за двата лика, на зографот како модел му послужил еден ист човек, што ни кажува, дека во човекот се крие - и ангел и ѓавол.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неговиот портрет претставен од Антоан Перо беше крајно необичен и впечатлив, пред с затоа што ние ретко можеме да сретнеме, кај еден ист човек, толку исклучителни морални способности кои одат заедно со една извонредна морална и физичка храброст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- По големата тага ќе го сретнеш на истиот човек на истото место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овие поделби, кои ја структурираат целата традиционална машка геј-култура, се темелат врз спротивноста на убавецот и кампот, а ги спроведува законот што не дозволува тоа да биде еден ист човек.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во согласност со древната поделба на кралици и трејдови е поделбата помеѓу ироничното кампско соучесништво и искреното бучесто позирање, на сестринство и секс, на дружење и еротичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од двете страни тезгата две апсолутно еднолични лица, истиот јас, истиот човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никако, сега, кога го гледаше меѓу семејството, Даниел не ѝ изгледаше како да е истиот човек во кој се вљуби.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)