ист (прид.) - негов (прид.)

Го лади ушето и се присетува дека и како дете исто вака го касна пчела, на истото уше и на истиот негов мек дел, јаготката, каде што носеше обетче што му го имаа ставено да не фаќа урок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За него таа беше онаа истата негова Срцка од средношколските и студентските денови, во која се заљуби на прв поглед и не се одљуби до овој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко му ги примаше парите и писмата и леташе од радост дека во син му заструила истата негова крв.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)