ист (прид.) - општествен (прид.)

Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој тврди дека искуството е во голема мера определено од страна на јазичните навики на заедницата, и дека секоја одделна структура претставува одделна реалност: Никогаш не ќе се најдат два доволно слични јазика, за да може да се смета дека ја претставуваат истата општествена реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И хомосексуалноста и хетеросексуалноста се артефакти на истиот општествено- сексуален систем, систем што во голема мера се совпаѓа со западниот модернитет, иако е систем што различно еволуирал за жените и за мажите.378
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е одлика на нашето општество во целина, а треба да се објаснува преку општествени фактори, како и преку индивидуални. ‌Причините поради кои некои момчиња стануваат хомосексуалци, кои и да биле, мора да се горе-долу истите причини поради кои некои момчиња стануваат хетеросексуалци, со оглед на тоа што само во последниве триста и нешто години момчињата воопшто стануваат едното или другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто немаме работа со поединечен случај, туку со колективна појава: со масовното обликување на геј- и на стрејт-сексуалности и субјективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттука, успешните сексуални врски подразбираа еднакви партнери на иста возраст, со исто здравје и со иста општествена положба, при што секој со другиот правеше сè и му правеше на другиот сè со совршена реципрочност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)