ист (прид.) - работен (прид.)

Дополнително се задолжи работодавачот за времетраењето на јавниот оглас да не може да објавува нов оглас за истото работно место, а објавениот јавен оглас завршува со избор, неизбор или со истекот на горенаведените рокови.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Судот наложи Марковски да се врати не на истото работно место на кое се наоѓаше пред неоснованиот отказ, туку „на работно место соодветно за неговата стручна подготовка“ – ССП, како и да му ги обезбеди другите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради должината на постапката и поради дополнителните дејства што беше неопходно да се преземат, особено во доказната постапка [како, на пример, вештачењето] – судските трошоци севкупно изнесуваа околу 10.000 МКД (околу 165 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работа во смени значи секој метод на организирање сменска работа во која работниците се менуваат едноподруго на исто работно место, во согласност со одреден план, и кое може да биде континуирано или со прекини – вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време, во даден период на денови или недели.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ТД може, како предмет на работење, да ги врши сите дејности што не се забранети со закон (чл. 62, ст.1 од ЗТД). 4.  Работодавачот може да ја организира работата и во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, работодавачите најдоа свој специфичен начин на изигрување на оваа законска одредба – а тоа беше преку носење на т.н. нова систематизација на работните места, во којашто, намерно, го изоставаа работното место на работникот кој бил прогласен за технолошки вишок, или, пак, само го преименуваа – сѐ со цел да прикажат дека не станува збор за истото работно место. 40
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)