историски (прид.) - услов (имн.)

На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така нашето духовно преродување и просветување кај нас, па и изработувањето на нашата писменост, поради географските и историските услови, има земено во првата илјадагодишнина по раѓањето Христово инаков од, а кај другите православни Словени инаков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само новото советско општество создаде објективни историски услови кои му овозможуваат на педагогот да мине од теоријата во практиката, од чистата и проста конструкција што ја нуди самиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие групи со стекот на подоцнежните историски услови се подразделија на јазични фамилии, како: индиската, иранската или персиската, ерменската, грчката, трако-илирската, италиската, келтската, германската, словенската и балтиската или литовската.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но исчезнаа тие историски услови во кои Индоевропејците се разбираа помеѓу нив и настапија други историски услови во коишто започна цепењето на јазикот, на општото национално самосознание, со заеднички јазик, верувања, ќуди, преданија и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)